Советот на Европа ги повикува сите страни во Македонија да ги смираат тензиите и да не употребуваат сила

28.04.2017 11:16

Ги повикуваме сите страни да се воздржат, да ги смираат тензиите и да не употребуваат сила, изjави генарлниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд...

Советот на Европа денеска повика на смирување на тензиите во Македонија и на воздржување од насилство.

Ги повикуваме сите страни да  се воздржат, да ги смираат тензиите и да не употребуваат сила, изjави генарлниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд во името на паневропската организација по синоќешните настани во макеоднскиот Парламент.

Јагланд оцени дека ситуацијата во Парламентот во Скопје е алармантна. 

Ги повикувам сите страни во Скопје да ги смират тензиите и да го охрабрат дијалогот“, вели генералниот секретар на Советот на Европа.