Собрание: Се утврдува материјалната штета

28.04.2017 11:24

Се работи на утврдување на материјалната штета и за ставање во функција на работните простории кои се надвор од употреба- соопшти собраниската прес служба...

По вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета, и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници се надвор од употреба. Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за нивно ставање во функција и утврдување на штетата, соопшти Собраниската служба за односи со јавност соопшти дека

Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието, стои во соопштението. 

Денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за 11 часот нема да се одржи и за продолжението јаноста дополнително ќе биде известена.