Белград: Останува обвинението против Харадинај
28.04.2017 13:12
Јавниот обвинител на Франција има рок од пет дена да вложи жалба на одлуката за отфрлање на барањето на Србија за испорачување на Харадинај.

Потпретседателот на владата на србија Расим Љајиќ изјави дека обвинението против Рамуш Харадинај останува на сила.
Јавниот обвинител на Франција има рок од пет дена да вложи жалба на одлуката за отфрлање на барањето на Србија за испорачување на Харадинај.
Адвокатот на Харадинај наведе дека судот ја донел таквата одлука бидејќи во Србија тој не би имал фер судење и дека последиците од неговото испорачување би биле многу тешки за него.
Харадинај, кој е веќе слободен човек, рече дека пресудата е победа за Албанците.
