Трамп: Можен е голем конфликт со Северна Кореја

28.04.2017 13:53

Трамп и неговата влада се залагаат за овој пристап, подготвувајќи нови различни економски санкции и, истовремено, не ја исклучуваат и воената варијанта.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да дојде до голем конфликт со Северна Кореја заради нејзините нуклеарни и ракетни програми, но додаде дека претпочитува спорот да се реши по дипломатски пат.

Трамп и неговата влада се залагаат за овој пристап, подготвувајќи нови различни економски санкции и, истовремено, не ја исклучуваат и воената варијанта.

Според него, Северна Кореја е неговиот најголем глобален предизвик. Трамп го пофали кинескиот претседател Кси Џинпинг за помошта на Пекинг во обидите за зауздување на Северна Кореја. Двајцата лидери овој месец имаа средба на Флорида.