Над 80 повредени побарале помош на државните клиники

28.04.2017 14:58

48 лица се примени по инцидентите, велат во Градската клиника „Свети Наум Охридски“. На Ургентниот центар при универзитетските клиники се примени 28 повредени, 6-мина биле згрижени, врз двајца се извршени оперативни зафати...

Над 80 повредени, од кои најголем број цивили, завршиле на скопските клиники по настаните во Законодавниот дом. Потешките случаи, 28, биле примени на Ургентниот центар во Скопје. Шестмина се хоспитализирани, меѓу нив и тројца пратеници. Побарале помош и 19 припадници на Министерството за внатрешни работи.

Згрижените биле примени на неврохирургија, на Клиниката за интензивна лекување и на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија .

На Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ лекарска помош побарале 48-мина, од кои шест биле хоспитализирани. Најмногу биле со повреди на главата, на вратот, а во подоцнежните часови имало и повреди од шок бомбите, изјави директорката Јасминка Чабуковска. Четворица се пуштени на домашно лекување.

Повредените беа носени со медицински возила и возила на полицијата и на војската.

Дијана Ценевска