Метео: Облачно со повремени врнежи од дожд за викендот
Утре на повеќе места се очекува зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд, особено во западните региони кои попладне и во вечерните часови локално може да бидат поројни со појава на грмежи.

За време на продолжениот празничен викенд во Македонија ќе преовладува променливо облачно време.
Утре на повеќе места се очекува зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд, особено во западните региони кои попладне и во вечерните часови локално може да бидат поројни со појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен јужен ветер.
Локални врнежи ќе има и во недела кога ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе услови пад на температурите. Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење температурите ќе бележат пораст.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
