Заев: Ќе покажеме дека сме зрели како држава
Лидерот на СДСМ рече дека насилството во Законодавниот дом е поттикнато од Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков и нивни соработници. Оцени дека треба да покаже зрелост како држава и да се застане зад вистинските демократски вредности.

Прес конференција на СДСМ, по вчерашните инциденти. Лидерот на партијата Заев, му го честиташе изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Рече дека насилството во Законодавниот дом е поттикнато од Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков и нивни соработници. Оцени дека треба да покаже зрелост како држава и да се застане зад вистинските демократски вредности.
„Не смееме да потпаднеме под провокациите кои имаат за цел поделба, раздор и изолација на Македонија. Затоа ве повикувам да останеме мирни и присебни, сите вработени во институциите да ја сватат својата одговорност и да постапат, согласно уставните и законските надлежности“, рече Заев на прес- конференцијата.
Нагласи дека ќе ја води Македонија затоа што верува дека вреди се за што се залагаат. На изборите одгромно мнозинство се одлучи за промени, а направен е првиот чекор за нивна реализација.
