Меркел: Британија прво да го врати долгот

28.04.2017 15:40

Меркел изјави деказемјите со статус на трети земји, а тоа ќе биде и Велика Британија, не можат и нема да имаат исти или поголеми права од членките на ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Британија не може да ги има истите права како и членките на ЕУ, ниту може да се преговара за трговските договори пред да се согласат дека треба да го вратат долгот.

Меркел изјави деказемјите со статус на трети земји, а тоа ќе биде и Велика Британија, не можат и нема да имаат исти или поголеми права од членките на ЕУ.

Британската премиерка Тереза Меј реагираше на изјавата на германската канцеларка Меркел за Брегзит, оценувајќи дека ЕУ се обединува против Велика Британија.