Продолжуваат протестите на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“

02.05.2017 09:42

Потсетуваат дека никој не смее да си игра играчки со земјава и оти никој нема право да го крши Уставот со тоа што незаконски ќе избира претседател на Собрание, како да бира претседател на куќен совет.

Никакви заплашувања, закани и навреди нема да нѐ поколебаат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, волја и мотивација за да продолжиме уште похрабри, поенергични и поодлучни, велат од иницијативата „За заедничка Македонија“, најавувајќи дека продолжуваат со протестните маршеви.

Потсетуваат дека никој не смее да си игра играчки со земјава и оти никој нема право да го крши Уставот со тоа што незаконски ќе избира претседател на Собрание, како да бира претседател на куќен совет.

Од граѓанската иницијатива бараат од институциите да бидат казнети сите кои се обидоа да извршат државен удар и вон уставните процедури да бираат претседател на Собранието.