40 конгресмени бараат Македонија да биде примена во НАТО
10.02.2014 19:07
Членовите на Конгресот го повикаа државниот секретар Џон Кери да го поддржи приемот на Македонија и на Црна Гора во НАТО...

Членовите на Конгресот го повикаа државниот секретар Џон Кери да го поддржи приемот на Македонија и на Црна Гора во НАТО, на самитот оваа година- се наведува во петицијата што ја потпишаа 40 американски конгресмени, од коишто 21 Републиканец и 19 Демократи.
„Неуспехот да се признае и награди значителниот придонес може да ги обесхрабри земјите аспиранти да продолжат со демократските реформи и ќе ја ослабне нивната посветеност за партнерство со Евро-атлантските организации“, предупредуваат конгресмените во петицијата до Кери.
Конгресмените го предупредуваат државниот секретар дека САД и сојузниците стигнале до критична точка и дека е потребна акција за да осигура кредибилитетот на НАТО со продолжување на проширувањето на Балканот што ќе придонесе и за поголема стабилност во регионот.
Минатиот петок, делегација на Обединетата Македонска Дијаспора имаше средби во Белата куќа со високи советници на американскиот претседател Барак Обама и потпретседател Џо Бајден, на коишто им е пренесено дека Македонија заслужува членство во НАТО.
Ирина Гелевска, постојан дописник на МРТ од Вашингтон
