Стартува летната турситичка сезона: Прв чартер лет од Амстердам за Охрид годинава

02.05.2017 09:47

Холанѓаните во изминатите неколку години по турските туристи се најбројни на Охридско-струшкото крајбрежје, но остваруваат најголем број ноќевања.

Со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам со авиокомпанијата Корендон на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид се одбележа отворањето на летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар.

Холанѓаните во изминатите неколку години по турските туристи се најбројни на Охридско-струшкото крајбрежје, но остваруваат најголем број ноќевања.

Според најавите во текот на јуни со чартер- летови ќе почнат да доаѓаат и гости од Белгија и од Полска.

Туристичките работници и еснафот на угостители, се стремат понудата да ја подигнат на повисоко ниво.