Доналд Трамп подготвен да се сретне со Ким Јонг Ун

02.05.2017 09:51

Трамп во интервју изјави дека би бил почестен да се сретне со Ким.

Белата куќа соопшти дека Северна Кореја ќе мора да исполни многу услови пред американскиот претседател Доналд Трамп да го посети Пјонгјанг и да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун.

Трамп во интервју изјави дека би бил почестен да се сретне со Ким. Но, неговиот портпарол Шон Спајсер одговарајќи на новинарски прашања изјавил дека за САД е клучно веднаш да прекине провокативното однесување на Северна Кореја.