Вашингтон: Предупредувања до граѓаните на САД за патувања во Европа
02.05.2017 10:27
Во предупредувањето стои дека ИД и Ал Каеда „имаат способност да планираат и вршат терористички напади во Европа“.

Стејт Департментот издаде предупредување до американските државјани кои планираат да патуваат во Европа, да бидат свесни за постојаните закани од терористички напади на континетот.
Во предупредувањето стои дека ИД и Ал Каеда „имаат способност да планираат и вршат терористички напади во Европа“.
Предупредувањето не е поттикнато од посебна закана, туку се работи за „препознавање на континуиран ризик од напади особено пред летните одмори“.
