СДСМ: Да се овозможи да продолжат демократските процеси
Вељаноски е должен да овозможи новиот собраниски претседател да влезе во својот кабинет и да продолжат демократските процеси, стои во дописот од СДСМ.

Избран е нов претседател на Собранието на законски и легитимен начин. Собраниското мнозинство има одговорност да ја формира новата реформска влада, а тоа го очекува домашната и меѓународната јавност, велат од СДСМ. Вељаноски е должен да овозможи новиот собраниски претседател да влезе во својот кабинет и да продолжат демократските процеси, стои во дописот.
На Иванов ќе му биде предочено уште еднаш тоа што го знаат сите, дека постои програмата на новата реформска влада што во целост ја гарантира унитарноста на Македонија, соопштуваат Социјал- демократите.
Секој мора да е свесен за новата реалност, дека постои мнозинство предводено од СДСМ, дека ВМРО- ДПМНЕ е опозиција и дека е неопходно демократските процеси да продолжат со мирен трансфер на власта, се вели во соопштението од СДСМ.
