ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја втурна Република Македонија во длабока криза
Заради преголемата желба за власт и обидот да избегаат од соочување со правдата, СДС ги жртвуваше националните и државните интереси на Република Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС ја втурна Република Македонија во длабока криза. Заради преголемата желба за власт и обидот да избегаат од соочување со правдата, СДС ги жртвуваше националните и државните интереси на Република Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС го измами народот со подметнување на Тиранската платформа по изборите. Претседателот на Собранието го избра надвор од сите процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците, стои во дописот.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржува физичко насилство, но го осудува политичкото насилство кое го направи СДС врз институциите, деловникот, законите и Уставот.
Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
