ЕП: Слободата на медиумите на Западен Балкан не е целосна
Европскиот парламент ги повикува државите да создадат безбедно медиумско опкружување погодно за објективно и точно известување, и повикува на ефикасен судски систем, се вели во извештајот објавен пред Светскиот ден на слободата на медиумите, 3-ти мај.

Слободата на медиумите на Западен Балкан не е целосна бидејќи државите во тој регион се соочени со политизација, проблеми во спроведување на законите и заплашување новинари, со пораст на автоцензура, се вели во извештај на истражувачки центар на Европскиот парламент.
Европскиот парламент ги повикува државите да создадат безбедно медиумско опкружување погодно за објективно и точно известување, и повикува на ефикасен судски систем, се вели во извештајот објавен пред Светскиот ден на слободата на медиумите, 3-ти мај.
Истражувачкиот центар на ЕП наведува дека во Србија е нејасна сопственичката структура на медиумите и државното финансирање особено на локално ниво, дека во Босна и Херцеговина најголем број медиуми не откриваат информации за своите финансии и вистинска сопственост, а во Македонија дел од телевизиите се во сопственост на поединци кои се наводно поврзани со владата.
