40 повредени во антивладини протести во Венецуела

02.05.2017 10:54

Од почетокот на минатиот месец во Венецуела се одржуваат антивладини протести, кои честопати прераснуваат во судири со полицијата.

Околу 40 лица биле повредени вчера во протести организирани од венецуелската опозиција во главниот град Каракас. Тројца од нив биле ранети со огнено оружје.

Од почетокот на минатиот месец во Венецуела се одржуваат антивладини протести, кои честопати прераснуваат во судири со полицијата.

Причина за кризата се одлуките на Врховниот суд, кои се однесуваат на овластувања на претседателот и на парламентот, кој е под контрола на опозицијата.