Албанија: Запленети 2,7 тони марихуана

02.05.2017 11:29

Во акцијата, насловена „Богова“ во Скрапар и Берат биле запленети 1,9 тони марихана, оружје, муниција, а биле уапсени и три лица. Во други две одделен акции полицијата од градот Лежа запленила 700 килограми марихуана.

Албанската полиција во неколку одделни акции запленила 2,7 тони марихуана. Во акцијата, насловена „Богова“ во Скрапар и Берат биле запленети 1,9 тони марихана, оружје, муниција, а биле уапсени и три лица.

Во други две одделен акции полицијата од градот Лежа запленила 700 килограми марихуана.

Во јужниот дел на земјата, пак, кај Ѓирокастро полицијата запленила 90 килограми марихуана и уапсила едно лице.