Кривичен суд: Пет лица кои учествуваа во настаните во Собранието добија притвор
Предлогот, посочуваат од Судот, се однесува на кривичното дело- Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, за кое е предвидена казна од една до пет години.

Пет лица кои учествуваа во настаните во Собранието добија притвор, одлучи судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд. Од седуммината кои беа приведени од полицијата, за двајца е одредена мерка за претпазливост.
Предлогот, посочуваат од Судот, се однесува на кривичното дело- Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, за кое е предвидена казна од една до пет години.
Со оглед на тоа што се работи за скратена постапка по новиот Закон за кривична постапка, притворот може да трае најмногу до осум дена.
Од МВР информираат дека преземале активности за идентификување и на други учесници за настаните во Законодавниот дом кои се случија на 27-ми април.
