ВМРО-ДПМНЕ: Да не се приведуваат недолжни лица за настаните во Парламентот

02.05.2017 12:52

Од партијата сметаат дека треба да се разграничи неколкучасовното влегување на граѓани во парламентот заради револт и гнев, од нанесувањето тешки телесни повреди.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите да не приведуваат, како што се вели, недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат од настаните во четвртокот.

Од партијата сметаат дека треба да се разграничи неколкучасовното влегување на граѓани во парламентот заради револт и гнев, од нанесувањето тешки телесни повреди.

ВМРО-ДПМНЕ апелира судот при носењето на одлуките да се држи исклучиво до фактите и доказите, а од министерот за внатрешни работи да не врши притисок врз вработените по секоја цена да се приведуваат што повеќе луѓе.