БЕСА: Да се формира истражна комисија за собраниските настани
Како што велат од партијата, надлежните државни институции не преземаа соодветни мерки за да се спречи насилството.

БЕСА бара да се формира истражна комисија за настаните од четвртокот во Собранието. Како што велат од партијата, надлежните државни институции не преземаа соодветни мерки за да се спречи насилството.
Движењето БЕСА, односно нејзината парламентарна група, исто така ќе поднесе барање и до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, кој е веќе и меѓународно прифатен, во првата седница да формира истражна комисија во Собранието, која ќе ја открива целата вистина за тоа што се случи на 27-ми април, и врз таа основа, да се преземаат неопходните мерки за сите оние кои беа вклучени во овој случај, изјавија од БЕСА на денешната прес- конференција
Без да се решаи овој случај, Македонија нема да биде безбедна и ќе биде тешко да се создадат услови за владеењето на законот, правдата и безбедноста- велат од движењето.
