Охрид: Со чартер лет пристигнаа првите холандски туристи

02.05.2017 13:11

Летово се очекува да слетаат 183 авиони од Амстердам кои ќе донесат над 28.000 холандски туристи. Од мај до октомври, со сезонските летови, на Охридскиот аеродром се очекуваат околу 2.000 патници од Брисел, 2.300 од Белград и речиси 2.600 патници од Тел Авив.

И официјално стартуваше летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар. Со чартер лет, од Амстердам на Охридскиот аеродром пристигнаа првите 180 холандски туристи.

Летово се очекува да слетаат 183 авиони од Амстердам кои ќе донесат над 28.000 холандски туристи. Од мај до октомври, со сезонските летови, на Охридскиот аеродром се очекуваат околу 2.000 патници од Брисел, 2.300 од Белград и речиси 2.600 патници од Тел Авив.

ТАВ Македонија првите три месеци од годинава ги заврши со зголемување од 7 проценти на бројот на патниците. Минатата година заврши со 1,8 милиони патници на двата македонски аеродроми и со 15 процентно зголемување на годишно ниво.