Вардар во полуфиналето ќе игра со Барселона
02.05.2017 13:42
Фајнл фор турнирот се игра во Келн на 3-ти и на 4-ти јуни.
Ракометарите на Вардар во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе играат со Барселона. Во второто полуфинале се среќаваат Веспрем и ПСЖ.
Фајнл фор турнирот се игра во Келн на 3-ти и на 4-ти јуни. Црвено-црните остварија историски успех со пласманот меѓу 4-те најдобри екипи, но со самото тоа и амбициите пораснаа, па тренерот Раул Гонзалес и неговите избраници се решени да се обидат да направат уште најмалку еден чекор напред, па на 4-ти јуни да го играат големото финале.
