110 милиони денари за 19 поголеми проекти за развој на планските региони

02.05.2017 14:34

За годинава ќе се издвојат 110 милиони денари за 19 поголеми проекти за развој на планските региони. Најмногу пари добива Североисточниот регион како најнеразвиен, а најмалку ќе се одвојат за Скопскиот...

Бирото за регионален развој ги потпиша договорите за 19 поголеми проекти за развој на планските региони. Тие се со вредност од 110 милиони денари. Треба да се реализираат годинава. Најголемиот дел се однесуваат на изградба на инфраструктура. За да се постигне порамномерен развој, најмногу пари добива Североисточниот регион како најнеразвиен, а најмалку средства имат во Скопскиот регион.

Од вкупно 60 проекти кои треба да се реализираат годинава, 18 се насочени за развој на селата. Обезбедени се 227 милиони денари.

Регулација на коритото на Црна Река, комунална инфраструктура во туристичките средини, патна инфраструктура во Југоисточниот регион, се само некои од проектите што ќе се реализираат годинава.

Од 2009-та досега се финасирани над 500 проекти во вредност од една милијарда денари.

 

Дијана Ценевска