МВР доставило дополнителни информации до ОЈО за нередите во Собранието

02.05.2017 14:53

По извршениот преглед на видеоматеријалите од собраниските безбедносни камери, идентификувани се лица коишто учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна на главниот влез, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство дополнително доставило три посебни известувања околу сознанијата на истрагата за неколку лица од настаните во Собранието.

По извршениот преглед на видеоматеријалите од собраниските безбедносни камери, идентификувани се лица коишто учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна на главниот влез, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Завчера полицијата поднесе кривична пријава против 15 лица осомничени за сторени кривични дела- учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие и учество во толпа што ќе изврши кривично дело.