Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на состанок во кабинетот на претседателот на Собранието

02.05.2017 15:05

На состанокот присутни поголем дел од пратениците на Коалцијата „За подобра Македонија“, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседавачот со конститутивната седница, Трајко Велјаноски.

Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во Кабинетот на претседателот на Собранието ги реафирмира позициите дека обидот за избор на нов спикер со кршење на деловникот и уставот е нелегитимен.

На состанокот присутни поголем дел од пратениците на Коалцијата „За подобра Македонија“, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседавачот со конститутивната седница, Трајко Велјаноски.

Претходно, во партиското соопштение се вели дека СДС ја втурнала Република Македонија во длабока криза. Поради преголемата желба за власт и обидот да избегаат од соочување со правдата, СДС ги жртвуваше националните и државните интереси на Република Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС го измами народот со подметнување на Тиранската платформа по изборите. Претседателот на Собранието го избра надвор од сите процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците, стои во дописот.

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува физичко насилство, но го осудува политичкото насилство кое го направи сдс врз институциите, деловникот, законите и Уставот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.