Нова легализација на земјоделските објекти
Земјоделците добија дополнителен рок за легализацијата на земјоделските објекти.

На полесен начин со поедноставна постапка, на фармерите им се овозможува да добијат документи за својот имот.
До август 2014-та земјоделците ќе можат да ги легализираат веќе изградените земјоделски фарми,штали и оранжерии.
Во земјава досега се поднесени вкупно 80 барања за изградени објекти,а позитивно е одговорено на 35.
Постапката е идентична со легализацијата во урбаните средини.
Разликата е што градбите не мора да се во согласност со урбанистичките планови, туку треба да имаат позитивно мислење од министерството за земјоделство.
Може да се легализираат само објектите изградени пред април 2011-та година.
До општините треба да се достава три документи:државјанство,елаборат и платени комунални сметки.
Локалната власт издава одобренија со кои се врши упис во катастарот и се добива тапијата.
Методија Трајковски
