Метео: Дневна температура до 30 степени

02.05.2017 15:59

Во попладневните часови на места се очекуваат локални краткотрајни врнежи од дожд особено во западните делови.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на места се очекуваат локални краткотрајни врнежи од дожд особено во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе достигне до 30 степени. Во Скопје утре до 29 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска