Пронајдена импровизирана експлозивна направа во Собранието

03.05.2017 08:17

Како што соопшти МВР станува збор за петарда со фитил кој бил со селотејп врзан за голема плинска боца за полнење на запалки.

Началникот на обезбедувањето на Собранието на Република Македонија денеска пријавил дека во Собранието во ходникот на 1-ви кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа.

Како што соопшти МВР станува збор за петарда со фитил кој бил со селотејп врзан за голема плинска боца за полнење на запалки.

Случајот, како што наведуваат од МВР, бил пријавен денеска во 17:28 часот во ЕИК и за него е известен секторот за антитероризам. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.