Најмалку 46 загинати во напад на ИД врз бегалси камп во Сирија
03.05.2017 10:09
Според сириски извори најмалку петмина напаѓачи од ИД активирале експлозив што го носеле на себе во близина на кампот...

Најмалку 46 луѓе загинале во напад на Исламска држава врз бегалски камп во сириската провинција Хасака.
Според сириски извори најмалку петмина напаѓачи од ИД активирале експлозив што го носеле на себе во близина на кампот во кој има околу 300 семејства на ирачки и сириски бегалци.
Повеќето убиени се жени и деца.
