Заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Воспoставување нелегални институции е опасен преседан

03.05.2017 10:13

Како што соопшти партијата, непочитувањето на Уставот е непочитување на државата Република Македонија и може да претставува опасен вовед во нова пракса на девалвирање на државата и на институциите.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница на која расправаше за актуелната политичка состојба го осуди нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието кој што претставува насилство врз институциите, пред се Уставот, законите и пропишаниот деловник. 

Како што соопшти партијата, непочитувањето на Уставот е непочитување на државата Република Македонија и може да претставува опасен вовед во нова пракса на девалвирање на државата и на институциите.

За Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обидот за воспoставување на нелегални институции би направило преседан кој во иднина може да се злоупотреби, и да стане вообичаена пракса и на тој начин да се суспендира волјата на граѓаните изразена на изборите.

Го осудиле, како што велат и шверцерското и нелегално постапување на пратениците Горан Мисовски и Ферид Мухиќ кои со своите незаконски дејствија испратија провокација кон граѓаните на Македонија и тие за ваквото однесување мора кривично да одговараат.

Апелираат до СДС и нејзиното раководство јасно, недвосмислено и во целост да се откаже од Тиранската платформа, создадена, промовирана и прифатена во соседна држава.