Почнаа Евровизиските денови во Киев

03.05.2017 11:01

Започнаа пробите на националните представници. Означен и почетокот на Евровизиските денови на годинашниов Избор за песна на Евровизија, Киев 2017.

Украина и нејзиниот главен град Киев или „Градот во сенка на дивите костени“ како што нагалено го нарекуваат Украинците, во следниве 13 дена ќе бидат епицентарот на Европската музика. Најголемиот, најстариот и дефинитвно најгледаниот телевизиски музички избор и спектакл, годинава се одржува во Украина, благодарение на минатогодишната победа на украинката Џамала, којашто победи во Стокхолм 2016, со песната „1944“.

Во Меѓународниот изложбен центар во Kиев, по строго утврден редослед и времетраење, веќе започнаа и се реализираат првите проби на националните представници на 42 земји колку што годинава ќе видиме на грандиозната Евровизиска сцена. Јана Бурчевска и Македонската делегација во вторникот на втори мај, со почеток во 11:20 по украинско време ја имаа првата проба.

Според реакциите на фановите и стотиците новинари присутни во прес центарот сместен во конгресната сала, пробата помина одлично, со конструктивни сугестии од страна на шефот на Македонската делегација Мери Попова, Борислав Миланов член на авторскиот тим на нашата композиција и Амбра, кореографот на сценскиот настап на Јана, во соработка со продукцискиот тим на организторот, во контекст на максимално искористување на сценско- визуелно- техничките перформанси во нашите три евровизиски минути.

На прес- конференцијата на којашто присуствуваа представници на печатени и електронски медиуми, интернет портали и голем број на фанови, максимално опуштена и задоволна од настапот, Јана Бурчевска одговараше на голем број прашања поврзани со нејзината досегашна кариера но и со песната „Dance alone“, којашто според овдешните евровизиски обложувалници високо котира, позиционирајќи се во врвните 10.

По прес- конференцијата и интервјуто дадено за Eurovision TV, интервју со Јана побараа повеќе од 30 акредтирани новинари на национални радио телевизиски дифузери и приватни електронски медиуми.

Во меѓувреме, паралелно течат снимањата на последните фрагменти од најавните видео картички на секоја од земјите со учество на националните представници, тука се настапите во Евровизискиот клуб, националните вечери на делегациите, како и постојаните брифирања и интерни проби на Јана Бурчевска и нејзиниот тим.

За потсетување, на годинашниов избор за песна на Евровизија од првично најавените 43 земји, на Евровизиската сцена ќе видиме 42 земји, по дефинитивното повлекување на Русија и нивната представничка Јулија Самоилова, на којашто Украинските власти не ѝ овозможија влез во земјата поради политички причини и нејзината посета на Крим.

Еве го распоредот на земјите и националните представници во секоја од финалните вечери, како и членките на таканаречената „Голема Евровизиска петорка“ и земјата домаќин Украина, кои што според Евровизиските правила директно настапуваат во големото финале на 13-ти мај 2017-та година.

Македонската Радио Телевизија директно ќе ги пренесува сите три Евровизиски вечери на своите радио и телевизиски програми со почеток во 21 часот.

Коментатор на директните преноси од Киев за МРТ е Каролина Петковска.

 

Прва полуфинална вечер 09.05.2017- почеток 21:00

Покрај земјите учеснички гласаат уште и: Италија, Шпанија и Обединетото кралство

Реден број

Земја

Изведувач

Песна

Јазик на кој ќе се настапува

01

 Шведска

Robin Bengtsson

"I Can't Go On"

Англиски

02

 Грузија

Tamara Gachechiladze

"Keep the Faith"

Англиски

03

 Австралија

Isaiah

"Don't Come Easy"

Англиски

04

 Албанија

Lindita

"World"

Англиски

05

Белгија

Blanche

"City Lights"

Англиски

06

Црна Гора

Славко Калезиќ

"Space"

Англиски

07

Финска

Norma John

"Blackbird"

Англиски

08

Азербејџан

DiHaj

"Skeletons"

Англиски

09

Португалија

Salvador Sobral

"Amar Pelos Dois"

Португалски

10

Грција

Demy

"This Is Love"

Англиски

11

Полска

Kasia Moś

"Flashlight"

Англиски

12

Молдавија

Sunstroke Project

"Hey, Mamma!"

Англиски

13

Исланд

Svala

"Paper"

Англиски

14

Република Чешка

Martina Bárta

"My Turn"

Англиски

15

Кипар

Hovig

"Gravity"

Англиски

16

Ерменија

Artsvik

"Fly with Me"

Англиски

17

Словенија

Omar Naber

"On My Way"

Англиски

18

Летонија

Triana Park

"Line"

Англиски

 

Втора полуфинална вечер 11.05.2017- почеток 21:00

Покрај земјите учеснички, гласаат уште: Франција Германија и Украина

 

Реден број

Земја

Изведувач

Песна

Јазик на кој ќе се настапува

01

Србија

Тијана Богичевиќ

"In Too Deep"

Англиски

02

Австрија

Nathan Trent

"Running on Air"

Англиски

03

Македонија

Јана Бурческа

"Dance Alone"

Англиски

04

Малта

Claudia Faniello

"Breathlessly"

Англиски

05

Романија

Ilinca and Alex Florea

"Yodel It!"

Англиски

06

Холандија

O'G3NE

"Lights and Shadows"

Англиски

07

Унгарија

Joci Pápai

"Origo"

Унгарски

08

Данска

Anja

"Where I Am"

Англиски

09

Ирска

Brendan Murray

"Dying to Try"

Англиски

10

Сан Марино

Valentina MonettaJimmie Wilson

"Spirit of the Night"

Англиски

11

Хрватска

Жак Худек

"My Friend"

Англиски/Италијански

12

Норвешка

JOWST5

"Grab the Moment"5

Англиски

13

Швајцарија

Timebelle

"Apollo"

Англиски

14

Белорусија

Naviband

"Story of My Life"

Белоруски

15

Бугарија

Кристијан Костов

"Beautiful Mess"

Англиски

16

Литванија

Fusedmarc

"Rain of Revolution"

Англиски

17

Естонија

Koit Toome and Laura

"Verona"

Англиски

18

Израел

IMRI

"I Feel Alive"

Англиски

 

Финална вечер на Евросонг, Киев 2017- почеток 21:00

Учествуваат по 10 земји од двете полуфинални вечери, земјите од големата евровизиска петорка и земјата домаќин Украина.

Редоследот на настап во првиот или вториот дел од финалната вечер ќе се одредува со ждрепка на прес- конференцијата по секој полуфинална вечер.

Земјата домаќин на шеесет и второто издание на Изборот за песна на Евровизија, Киев 2017- Украина, настапува под реден број 22 во финалето. 

 

Реден број

Земја

Изведувач

Песна

Јазик на кој се настапува

22

Украина

O. Torvald

"Time"

Англиски

 

Франција

Alma

"Requiem"

Француски/Англиски

 

Германија

Levina

"Perfect Life"

Англиски

 

Италија

Francesco Gabbani

"Occidentali's Karma"

Италијански

 

Шпанија

Manel Navarro

"Do It for Your Lover"

Шпански/Англиски

 

Обединето Кралство

Lucie Jones

"Never Give Up on You"

Англиски
 

 

Каролина Петковска, специјален известувач од Киев за МРТ