Четворица загинати во напад врз Конвој на НАТО во Кабул

03.05.2017 11:53

Министерство за здравство соопшти дека сите жртви биле Авганистанци, додавајќи дека нема информации за загинати или ранети меѓу припадниците на алијансата.

Најмалку четири лица загинале, а 22 биле ранети при самоубиствен бомбашки напад врз конвој возила на силите на НАТО во авганистанскиот главен град Кабул.

Министерство за здравство соопшти дека сите жртви биле Авганистанци, додавајќи дека нема информации за загинати или ранети меѓу припадниците на алијансата.

При нападот, што се слулил во близина на амбасадата на САД во Кабул, биле уништени или сериозно оштетени неколку цивилни возила.