Трамп и Путин разговараа за создавање безбедносни зони во Сирија

03.05.2017 12:00

Двајцата претседатели се согласиле дека „страдењето во Сирија трае премногу долго“ и дека САД и Русија треба да сторат сѐ што е во нивна моќ за прекин на насилството.

Американскиот претседател Трамп и неговиот руски колега Путин „ги разгледале перспективите“ за создавање на безбедносни зони во Сирија, како една од мерките за постигнување траен мир во земјата, соопшти Белата Куќа.

Двајцата претседатели се согласиле дека „страдењето во Сирија трае премногу долго“ и дека САД и Русија треба да сторат сѐ што е во нивна моќ за прекин на насилството.

Меѓудругото разговарале и за заедничките напори за „искоренување на тероризмот на Блискиот Исток“, како и за можностите за „решавање на опасната состојба во Северна Кореја на најдобар начин“.