Одложено рочиштето за настаните пред општина Центар
03.05.2017 12:18
Рочиштето е одложено поради отсуство на дел од обвинетите. Специјалниот јавен обвинител побара на наредното, доколку не се појават, да бидат приведени.

Судењето за насилството пред Општина Центар е одложено поради отсуство на дел од обвинетите. Специјалниот јавен обвинител побара на наредното, доколку не се појават, да бидат приведени.
Судијката Михајлова ги задолжи нивните адвокати во рок од 8 дена да го известат Судот за причините и да го поткрепат со оправдување.
На денешното рочиште покрај неколкуте обвинети се појавија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, екс- министерот Јанакиевски и пратеничката Арангелова.
Наредното рочиште е закажано на 28-ми јуни.
