Британија: Не ни паѓа на ум да плаќаме 100 милијарди евра

03.05.2017 13:05

Европската комисија денеска ќе ги соопшти своите насоки за преговорите на ЕУ со Велика Британија за излегувањето на земјата од европското семејство, а БИ-БИ-СИ наведува дека официјалните власти во Брисел нема да дискутираат за можни финансиски договори.

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Велика Британија нема намера да плати 100 милијарди евра за излез од Европската унија. Дејвис рече дека барањето на ЕУ за финансиска спогодба со Лондон е зголемено за 60 милијарди евра. Меѓудругото додаде дека Британија сериозно им пристапува на своите обврски кон ЕУ, и дека Унијата е таа која игра грубо и тешко.

Европската комисија денеска ќе ги соопшти своите насоки за преговорите на ЕУ со Велика Британија за излегувањето на земјата од европското семејство, а БИ-БИ-СИ наведува дека официјалните власти во Брисел нема да дискутираат за можни финансиски договори.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е позната како „тешка жена“, со што одговори на медиумските информации за тајната вечера со претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер. Според британските медиуми, по состанокот, Јункер рекол дека е „10 пати поскептичен од тоа што бил досега“ кога станува збор за можноста да се постигне договор за „раскинување“ на Велика Британија и Европската унија, како и за постигнување нов трговски договор. Меѓудругото изјавил и дека доколку Велика Британија го напушти единствениот пазар и Царинската унија, ќе добие понизок статус како „трета земја“ дури и од Турција.

Меј која дојде на чело на британската влада набрзо по изгласувањето на Брегзит минатата година, ги повика гласачите да ја поддржат на изборите на 8-ми јуни за да може да ја зајакне својата позиција во пресрет на преговорите за излез на земјата од ЕУ.

„Преговорите ќе бидат тешки. Барам од мојот народ да ми даде мандат да ги водам овие преговори. Секој глас за мене и за мојот тим е глас кој ќе осигура да го добиеме најдобриот можен договор за Обединетото Кралство“, изјави Меј.

Германските медиуми пренесуваат дека тереза Меј му предложила на Јункер за Велика Британија и Европската унија да се договорат за иднината на државјаните на ЕУ во Велика Британија и британците во ЕУ на самитот во јуни, но тој јасно и ставил до знаење дека постојат премногу сложени правни работи за тоа прашање да може брзо да се реши.

 

Марина Автовска