Кредитирање за самовработување и за отворање нови работни места
Заинтересираните можат да се пријават за самовработување преку кредитирање, за кредитирање за отворање нови работни места во постоечки компании, за кредити за самовработување млади до 29 години, како и за кредитирање фирми за отворање работни места за млади.

Агенцијата за вработување отвори огласи за мерки од Оперативниот план. Заинтересираните можат да се пријават за самовработување преку кредитирање, за кредитирање за отворање нови работни места во постоечки компании, за кредити за самовработување млади до 29 години, како и за кредитирање фирми за отворање работни места за млади.
Поддршката изнесува од 3 до 5 илјади евра, а можно е здржување и на повеќе корисници на еден проект, со што ќе добијат повеќе пари. Лицата што се здружуваат ако се корисници на паричен надоместок од стечај, ликвидација и технолошки вишок може да добијат до 21.000 евра. Доколку се работи за млади лица до 29-годишна возраст почетниот износ на средства е 7 илјади евра.Вкупно средства што можат да се добијат се 23 илјади евра. Каматната стапка за сите кредити е 1 процент.
„За делот самовработување со кредитирање имаме можност за финансирање т.н. мали бизниси односно бизниси од поголем обем каде што средствата се движат меѓу три до пет илјади евра за носителот, односно да се здружат три до пет лица на еден проект“, изјави директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.
Корисниците кредитот го добиваат на седум години со грејс период од една и пол година. За компаните кои сакаат да се прошират, можно е да добијат максимум 9 илјади евра за вработување. Доколку се работи за млади , износот на средства кои компанијата ги одбива за едно вработување е 4 илјади евра.
Огласот треба да заврши до 27-ми јуни, за оние кои ќе ги добијат овие кредити да може да се регистрираат преку проектот „Македонија вработува 2“ и да бидат ослободени од придонеси во наредните три, односно пет години.
Дијана Ценевска
