Нухиу побара разрешување на Чавков
За координатор на Оперативниот штаб со наредба е назначен Горанчо Савевски, државен советник во Бирото за јавна безбедност.

За поправање на направената штета во Собранието треба долго време и ангажман, не само од МВР, туку и од другите институции, изјави министерот Нухиу. Посочи дека од Владата побара разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.
За координатор на Оперативниот штаб со наредба е назначен Горанчо Савевски, државен советник во Бирото за јавна безбедност.
Нухиу информира и дека МВР формира работна група составена од професионалци која има задача да утврди дали Оперативниот штаб и организициските единици во Министерството во четвртокот во Собранието постапувале согласно утврдените процедури, дали се направени пропусти, евентуални пречекорувања или неизвршување на работните задачи.
Дел од структурите на МВР предизвикаа многу штета на нашата држава и на демократските вредности. Ова што се случи во четвртокот во Собранието е големо зло. За да ја поправиме штетата ќе биде потребно долго време и ангажман не само од сите служби на МВР, туку и од другите институции, истакна Нухиу.
Според него, враќање назад нема, работите мора да се расчистат до крај. Секој, како што додаде, ќе одговара за своите постапки.
