Слободата на медиумите- столб на демократијата
На Светскиот ден на слободата на печатот, осуда за нападите врз новинари во собраниските случувања. Евроамбасадорот Жбогар и шефицата на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Суомалаинен, побараа сторителите да бидат изведени пред правдата. Велат потребна е поголема свест за независните медиуми, за прашањето за безбедноста на новинарите и нивната слобода...

На Светскиот ден на слободата на печатот, Европската унија и ОБСЕ побараа поголема заштита за новинарите. Жбогар и Суомалаинен велат дека треба мерки и реформи за поддршка на независното новинарство, затоа што според нив, слободните медиуми се предуслов за демократија и владеење на правото.
Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја истакнаа важноста на медиумската писменост и на професионалното известување.
Како никогаш досега, обезбедувањето слобода на изразување и професионалното новинарство не било поголем предизвик- велат од Министерството за информатичко општество.
64,5 насто од граѓаните сметаат дека телевизиите се значајни при обликување на најважните општествените прашања, а за повеќе од 80 насто од испитаниците, телевизиите мора да бидат слободни за да бидат објективни и креативни, покажало истражувањето на Агенцијата за медиуми.
Викторија Милевска
