Метео: Нестабилно со локален пороен дожд

03.05.2017 15:21

Во петок на повеќе места ќе има услови за појава на врнежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање.

Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре. Попладне на места се очекува појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи претежно на планинските предели.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во петок на повеќе места ќе има услови за појава на врнежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска