Канцеларија за британски визи во Македонија

11.02.2014 10:29

Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза...

Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза, од 26-ти март годинава ќе можат апликациите да ги достават до компанијата Teleperformance која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција.

Канцеларијата на компанијата ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија и ќе работи од 9 до 13 часот,  понеделник, вторник и среда.
Услугата ќе чини 59 фунти кои че се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна листа курсна листа која што претходно е одобрена од Парламентот на Обединетот Кралство.
Британската Агенција за визи и миграција на 30 септември објави дека глобалните договори за оперирање со центрите за аплицирање за визи им се доделени на фирмите Teleperformance Ltd i VFS Global.