Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ пред Прилепчани

03.05.2017 15:48

Во годината кога одбележува 10 години постоење, штипскиот Државен универзитет „Гоце Делчев“, наместо во средните училипшта реши да се претстави на отворено пред Прилепчани. Од универзитетот велат дека нудат интересни наставни програми за кадри што ги бара пазарот на трудот, а Прилеп е еден од четирите наставни центри со дисперзирани студии потребни за потенцијалите во регионот...

Со 12 факултети, три академии, во четири наставни центри од кои еден во Прилеп и со 5.500 слободни места, штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ се претставува меѓу средношколците и Прилепчани сакајќи да го привлече вниманието за упис на нови академски граѓани. Средношколците разгледуваат, прашуваат, некои се веќе определени.

Во Прилеп се студиите за природни, технички и земјоделски науки. Пазарот на трудот, велат од Универзитетот, бара агрономи.Со новиот концепт на претставување и на отворено пред граѓаните, штипскиот универзитет смета дека има и општествена мисија.

Прилеп годинава има 900 матуранти од пет средни училишта. Низ штипскиот универзитет за 10 години поминале од 20.000 до 30.000 средношколци од цела Македонија.

 

Елизабета Митреска