Талат Џафери во претседателскиот кабинет
Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието. Службите соопштија дека работи на процедурите за нормално вршење на функцијата. Имаше и прва средба, со европскиот амбасадор Жбогар. Дипломатот порача дека Унијата е подготвена да соработува со новиот спикер за спроведување на неопходните реформи.

Талат џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието. „Тoj со членовите на службите работи на сите оние формалности кои мора да бидат направени за нормално вршење на функцијата. Самиот чин на примопредавање беше извршен најнормално како што доликува на принципите на парламентаризмот“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на собранието.
Информацијата од парламентот е дека е испратен допис до Службен весник во кој се бара одлуката на мнозинството за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието да биде објавена со што тој ќе ја преземе функцијата. На интернет страницата на Собранието, покрај на Џафери како претседател, додадени се имињата на новите потретседатели на парламентот, Антонио Милошоски, Рената Дескоска и Рафиз Алити.
Прв гостин на Талат Џафери, му беше евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар. Дипломатот на социјалните мрежи објави фотографија од средбата. Рече дека ја изразил подготвеноста на Европската унија да соработува со новиот собраниски спикер за спроведување на неопходните реформи потребни за евро-атлантска интеграција.
Џафери, посочил дека ќе работи на јакнење на демократските процеси и на целосно остварување на принципите на парламентарната демократија.
Миле Ристески
