Груевски: Влада избрана надвор од владеење на правото е диктатура
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ниту една демократска влада во светот не смее да биде избрана со кршење на начелото на владеењето на правото, бидејќи тоа претставува диктатура.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се огласи за последниот развој на настаните. Тој вели дека ниту една демократска влада во светот не смее да биде избрана со кршење на начелото на владеењето на правото, бидејќи тоа претставува диктатура.
„Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и деловникот на Собранието. Сѐ што во иднина би се донело со негово учевство, потпис или било каква активност, ќе биде плод на затруено дрво, ќе биде плод на диктаторски акт за назначување на претседател на Собрание. Многу диктаторски влади биле признати од демократски системи, од една или друга причина. Тоа нема да ја смени сликата. Ниту пак дека имале мнозинство, за кое немаше ниту запис, броење, стенограм и слично, за противзаконскиот и противуставен акт“- смета Груевски.
