Ердоган побара од Русија да ги укине трговските санкции за Турција

03.05.2017 16:52

„Ако сакаме да постигнеме трговска размена во износ од 100 милијарди долари, ние под итно и целосно треба да ги надминеме сите ограничувања“, посочи Ердоган во пресрет на средбата со рускиот колега Владимир Путин во Сочи.

Претседателот на Турција, Ердоган побара од Русија да ги укине трговските санкции за Анкара, за да се нормализираат билатералните односи.

„Ако сакаме да постигнеме трговска размена во износ од 100 милијарди долари, ние под итно и целосно треба да ги надминеме сите ограничувања“, посочи Ердоган во пресрет на средбата со рускиот колега Владимир Путин во Сочи.

Ердоган, соработката со Русија за Сирија ја оцени како ефикасна. Путин, пак, за време на средбата рече дека постепеното закрепнување на внатрешната политичка ситуација во Турција ќе создаде услови за прегресивниот развој на односите со Русија.

Додаде дека можноста оперативно да се разговара за сириската криза сведочи за целосното обновување на односите меѓу Турција и Русија.