Меј: ЕУ се обидува да се меша во британските избори
Остриот напад врз ЕУ и сериозните обвинувања, дури и за весниците, доаѓа и покрај нејзините поранешни јавно изречени заложби за создавање конструктивна атмосфера пред почетокот на преговорите.

Британската премиерка Тереза Меј ги обвини европските политичари, ЕУ и медиумите во Европа дека и се закануваат на Велика Британија во обид да влијаат врз резултатот од претстојните парламентарни избори во земјата.
Додаде и дека бирократите во Брисел посакуваат неуспех на преговорите за Брегзит. Остриот напад врз ЕУ и сериозните обвинувања, дури и за весниците, доаѓа и покрај нејзините поранешни јавно изречени заложби за создавање конструктивна атмосфера пред почетокот на преговорите.
Уште пред сегашната изборна кампања, Меј и нејзините министри почнаа да создаваат атмосфера во британската јавност дека Брегзит ќе претставува успех за земјата.
