Ново рочиште за случајот „Поткуп“

04.05.2017 10:14

За Заев, спорно е тоа што при завршувањето на истражната постапка, не им била дадена на увид наредбата за спроведување на посебни истражни мерки, што според него, е клучно за да се утврди дали тој бил следен надвор од законската рамка.

Во Кривичниот суд, нов обид за почеток на судењето за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На предходното судење, одбраната побара обвинителството да им ги достави доказите. Јавниот обвинител рече дека по покренувањето на Обвинението ги доставил доказите во судот.

За Заев, спорно е тоа што при завршувањето на истражната постапка, не им била дадена на увид наредбата за спроведување на посебни истражни мерки, што според него, е клучно за да се утврди дали тој бил следен надвор од законската рамка.

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, од бизнисмен побарал поткуп од речиси 164 илјади евра.