ВМРО-ДПМНЕ: СДС е однародена партија, која не го слуша гласот на народот
ВМРО-ДПМНЕ му ја понуди поддршката на Заев, доколку ја одбие Тиранската платформа и уцените на кои се согласи да ги реализира. Заев одлучи да застане на спротивна страна од сопствениот народ и држава, стои во дописот.

Уценетиот криминалец Зоран Заев го газеше македонскиот Устав и ги прогласуваше македонските граѓани за терористи, со цел да обезбеди поддршка за да го внесе знамето на Република Албанија во кабинетот, кој треба да му припадне на претседателот на Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За да нема вакви недостојни акти, со кои се понижува државноста, ВМРО-ДПМНЕ му ја понуди поддршката на Заев, доколку ја одбие Тиранската платформа и уцените на кои се согласи да ги реализира. Заев одлучи да застане на спротивна страна од сопствениот народ и држава, стои во дописот.
СДС е однародена партија, која не го слуша гласот на народот. СДС треба кривично, морално и политички да одговара, а најважно да одговара и пред судот на народот, од кој упорно бега, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
