СДСМ: Иванов не може да одолговлекува со неразумни оправдувања
Собранието се комплетираше, има декларирано парламентарно мнозинство, има нов легитимен претседател на Сoбранието, кој испраќа писмо до Иванов, и ќе го информира дека се исполнети условите за доделување на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, велат од партијата.

Дојде време кога Иванов не може да одолговлекува со неразумни оправдувања, и мора да ја исполни уставната обврска и да го додели мандатот за формирање влада, соопштија од СДСМ.
Собранието се комплетираше, има декларирано парламентарно мнозинство, има нов легитимен претседател на Сoбранието, кој испраќа писмо до Иванов, и ќе го информира дека се исполнети условите за доделување на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, велат од партијата.
Формирањето на институциите, пред сѐ на новата влада, и почнувањето на неопходните реформи во сите сфери, се врвен државен интерес на Македонија која долго време беше блокирана, поради стравот на поединци од соочување со личната одговорност.
Секое попречување на трансферот на власта е противуставно и противдржавно дело и подлежи на одговорност, се вели во соопштението од СДСМ.
