„За заедничка Македонија“: Борбата продолжува- избори се излез од кризата

04.05.2017 10:36

„Не прифаќаме окупација- не признаваме избор на претседател зашто беше направен противуставно, незаконски и спротивно на сите демократски стандарди“- порачаа од граѓанската иницијатива.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, продолжува со протестите низ земјава. На вчерашниот протест порачаа дека борбата е долга и никогаш не престанува, и дека ќе бидат поупорни во остварувањето на целта. Велат дека ова не е демократија, туку окупација, и излезот од неа се само предвремени парламентарни избори.

„Не прифаќаме окупација- не признаваме избор на претседател зашто беше направен противуставно, незаконски и спротивно на сите демократски стандарди“- порачаа од граѓанската иницијатива.

Протестите продолжуваат сѐ додека не им се исполни главното барање - избори, кое што според нив, е единственото решение за излез од кризата во земјава.